HomeДЕНЕШНАПолитикаСудското соочување на Ахмети против Богоевски е одложено

Судското соочување на Ахмети против Богоевски е одложено

slobodan-bogoeski-00

Судскиот спор помеѓу Али Ахмети и Муса Џафери против разузнавачот Слободан Богоески повторно е одложено откако денешното рочиште не се одржи поради тоа што Богоески не ги добил тужбите навреме и не доставил одговор на тужба за што има уште рок, пренесе Плусинфо.

Судењето е закажано за 27 јануари. Во судницата денеска не се појавија Али Ахмети и Муса Џафери, но нивното присуство не е задолжително.

Двајцата го тужат Богоески за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“. Богоески таму посочил дека вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, Ахмети и Џафери.

Како отштета во овие процеси Ахмети бара 3 милиони евра, а Џафери 2,5 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com