HomeДЕНЕШНАПолитикаСудовите изрекуваат селективни мерки за притвор по барањата на СЈО

Судовите изрекуваат селективни мерки за притвор по барањата на СЈО

Предлозите на СЈО за изрекување мерка притвор се одбиваат од страна на Судот, а со тоа осомничените се оставени на слобода, иако можат да влијаат врз сведоците и да и наштетат на истрагата, вели поранешниот истражен судија и претседател на Комитетот за заштита на правата Валентин Зафиров – пренесува Тв 21.

Според него, судовите спроведуваат селективна правда во однос на одредување на мерката притвор, бидејќи во другите случаи, околу 100 лица, или се неправедно притворени или неоправдано им е продолжена мерката притвор. Хелсиншкиот комитет за човекови права со критики за селективната правда. Тие го посочија случајот со новинарот Зоран Божиновски, осомничен во рамките на случајот Шпион, кој веќе шест месеци е во притвор.

„Хелсиншкиот комитет потсетува дека по завршувањето на истражната постапка, на судот освен притворот, кој претставува најекстремна мерка, на располагање му стојат алтернативни мерки како што се куќен притвор, гаранција, одземање на патната исправа. Хелсиншкиот комитет најавува дека во недостиг од соодветна реакција од страна на македонските судови, е подготвен да започне жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права“, велат од Хелсиншки комитет.

СЈО досега побара да бидат притворени околу 20 осомничени во нивните истраги, но нивното барање беше прифатено само за Горан Грујовски и Владимир Талески. Мерката притвор, за нив двајца сега е преименувана во мерка домашен притвор. Воедно од страна на Кривичниот суд, одбиени се 17 предлози за обезбедување на мерки на претпазливост, поднесени од страна на СЈО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com