HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот возврати – „Пуч“ се одложуваше поради СЈО

Судот возврати – „Пуч“ се одложуваше поради СЈО

sjo sud

Основниот суд Скопје 1 возврати на обвинувањата на СЈО дека намерно повеќе од една година го одложува судењето за Пуч, но тие ја вратија топката на нивни терен. Критики упати и Зоран Заев лидерот на СДСМ кој смета дека македонското судство не функционира и потребни се промени.

– Главната расправа по предметот со КОК бр. 60/16 во јавноста познат како „Пуч“, денеска беше одложена откако претседателот на судечкиот совет, надлежен да постапува по овој предмет, пред присутните констатира дека еден од судиите – поротници, по неговото лично барање бил разрешен од советот, а со одлука на претседателот на судот, по барање на претседателот на советот, назначен е нов судија – поротник, како и дополнителен судија – поротник, за кои и покрај барањатa и ургнециите за итност, испратени од претседателот на судот, сеуште не се доставени безбедносни сертификати за постапување и увид во класифицирани информации и податоци, кои се неопходни за новоназначените судии – поротници да постапуваат по конкретниот предмет, велат од судот.

Од судот истакнуваат дека судењето „Пуч“ досега било одложувано поради вина на Специјалното јавно обвинителство.

– Со цел да не дојде до одредени манипулации, ja потсетуваме јавноста дека по конкретниот предме беа одржани 10 главни расправи од кои 6 беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа 3 расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што неможе да се предвиди. Од таму нејасно е како судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com