Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудот пресуди: Деветнаесет години затвор за убиецот на медицинската сестра од Детската клиника

Судот пресуди: Деветнаесет години затвор за убиецот на медицинската сестра од Детската клиника

Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди Никола Кузмановски на 19-годишна затворска казна поради убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, што се случи на 9 јануари 2015 година на потпокривот на Детската клиника во Скопје.

Кузмановски, кој бил во љубовна врска со Здравковска, знаел дека медицинската сестра е бремена.

Според обвинителниот акт, Здравковска починала како резултат на насилно задушување, откако обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата во исто време ѝ ги затнал носот и устата, давејќи ја сè додека не престанала да дава знаци на живот.

Момчето и медицинската сестра која била десет години постара, се од скопското село Петровец. Таа била во брак, но била во љубовна врска со обвинетиот за убиство. По убиството обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предал.