HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот му врати предмет на СЈО, немало декласификација на докази

Судот му врати предмет на СЈО, немало декласификација на докази

Основниот суд Скопје 1 го врати првиот предмет на СЈО кое ја доби документацијата за обвининението против 7 лица вработени во УБК каде прво осомничен во случајот Тврдина е началникот на петтата управа Горан Грујовски за делото уништување на класифицирани документи поврзани со прислушувањето. Својата одлука судот ја образложи дека нема акт за декласификација на доказите кои не може да се користат во постапката.

„Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот“, велат од судот.

СЈО веднаш возврати за необичната одлука на судот и најави дека ќе бара иземање на судијката Лидија Петровска која беше спомнувана во „бомбите“ како дел од Сваровски судството поврзана со Мијалков екс началникот на УБК и други високи функционери на власта.

„Ова Јавно обвинителство повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 Скопје, кои ни беа денес вратени од Судот. Во писмениот допис доставен до Судот укажано е на непостоење на законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации и на законските обврски секој орган кој работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со класифицирани информации“, се вели во образложението на СЈО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com