HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот ќе има полни раце работа: министерството за труд и агенцијат за вработување ќе се пресметаат со кривични

Судот ќе има полни раце работа: министерството за труд и агенцијат за вработување ќе се пресметаат со кривични

vlatko-popovski

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски најави кривични пријави за злоупотреба на службена должност против дополнителниот заменик, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Ременски рече дека ќе упати барање до државниот правобранител дополнително да ја истражи ситуацијата. Таа повторно ги повика и Спасов и Поповски да се поднесат оставки. Ременски на денешната прес конференција дојде со неколку комплети документи за склучени договори за отстапување на возилата на Агенцијата и правилникот за користење службени возила на агенцијата за вработување и јавно ги постави прашањата.

1. Ако четирите возила кои му биле дадени на користење на дополнителниот заменик министер се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, зошто во април оваа година, регистрацијата и осигурувањето на возилата се на име на Агенцијата за вработување?

2. Дали е вистина дека постојат дупликат картички за гориво за овие возила. Едните на име на вработени во Агенцијата, со кои се полнело гориво на бензиските пумпи на „Пуцко Петрол“, а другите на име на лица од министерството со кои се полнело гориво на бензиските на „Макпетрол“? На пример, има осум фактури за гориво, од кои четири се потпишани од возачи од Агенцијата за вработување , а други четири од непознати лица.

3. Дали инцидентот на дополнителниот заменик-министер кој неовластено со ваша дозвола го користел возилото на Агенцијата, беше причина за викенд-работата на архивата и на други служби во Агенцијата за вработување, а веќе денес да продолжи со сериозни закани кои водат службени белешки за сето ова горе наведено?

Инаку, Ременски соопшти и дека возачот кој сам се пријавил дека го управувал Туарегот наместо Спасов, од вчера е на отворено боледување.

По прес конференциата на министерката, Агенцијата за вработување најави контратужба. „Техничката министерка Фросина Ташевска Ременски одржа прес конференција која всушност беше обид за црна политичка кампања која нема никаква поврзаност со реалните факти. Изнесе мноштво дезинформации и непознавања за она што го говори на сметка на агенцијата . Сите постапки за кои говореше се во рамки на законските процедури. Ја повикувам во рок од 48 часа јавно да се извини за изнесените лаги, во спротивно ќе и биде поднесено тужба за навреда и клевета“ – стои во соопштението.

Од МВР велат дека не постојат анализа на крвта за да се утврди алкохолизираност, бидејќи Спасов вечерта побегна, а во полициската станица се пријави по 24 часа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com