Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудот ја продолжи мерката притвор за возачот кој ја усмрти новинарката

Судот ја продолжи мерката притвор за возачот кој ја усмрти новинарката

Основниот суд Скопје 1 вчера поднесе обвинение против возачот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска. а денеска му ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена. Според судот мерката притвор е потребна поради тоа што се уште постојат основите за определување на притворот, околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело.