Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот им одобри домашен притвор на „Пучистите“

Судот им одобри домашен притвор на „Пучистите“

Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата и им ја укина мерката притвор на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и на Ѓорѓи Лазаревски, обвинети во случајот “Пуч”, определувајќи им мерки на претпазливост по предлогот на специјалното јавно обвинителство. Обвинетите треба да поднесат кауција со нивниот имот кој треба да го верификува Катастарот на недвижности, а исто така се прифатени и мерките за одземање на пасошот за да не може да ја напуштат државата.

Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски беа во притвор речиси цела година што е една од најстрогите мерки за обезбедување и може да биде подеднакво висока како и потенцијалната казна која судот би им ја изрекол доколку утврди дека се виновни за „Пуч“ и нелегалното следење на комуникациите со прислушкување на телефонските разговори, како и шпионажа со наводна соработка со странски служби.