Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудир на мотоцикл и автомобил во Битола, едно лице загина

Судир на мотоцикл и автомобил во Битола, едно лице загина

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во околу 17 часот во Битола загинал мотоциклист, информира МВР.

До несреќата дошло кога на улицата „Филип Втори Македонски“ се судриле мотоцикл управуван од Благојче П. (46) и автомобил „матиз давеу“ управуван од З. В. (22). Благојче веднаш бил однесен во Клиничката болница во Битола каде два часа подоцна, за жал, подлегнал на повредите.

СВР – Битола работи на случајот, извршен е увид и се работи за откривање на причините за несреќата.