Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСудир на мигранти во Гевгелија, се степале за место во воз

Судир на мигранти во Гевгелија, се степале за место во воз

Околу илјада мигранти утрово во 10 часот се судриле на железничката станица во Гевгелија. Причината за ваквиот судир била потрагата по слободно место во возот.

Очевидци на настанот тврдат дека пресметката била пропратена со ножеви, мачети, железни шипки и мотики. Самиот воз претрпел материјална штета што го оневозможил да тргне од железничката станица се до 14 часот, а осуммина мигранти се повредени.

Од вчера зголемен е бројот на мигрантите од Блисиот Исток и Азија, кои влегуваат во Македонија од грчка страна. Според изјави од наши граѓани, кои патуваат кон Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони, забележливи се поголеми групи мигранти од правец на Солун кон македонската граница, кои се движат по пругата.