HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудир на камион и автомобил, две лица тешко повредени

Судир на камион и автомобил, две лица тешко повредени

Полиција-1

Двајца жители на штиското село Црник се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во саботата во 13.30 часот на регионалниот пат Берово – Делчево, кај местото Балбанци.

Несреќата се случила кога се судриле камион „фиат дукато“ управуван од дваесет и шестгодишен струмичанец и автомобил „фиат пунто“ управуван од четириесет и шестгодишен жител на Црник.

Тешко повредени се возачот на автомобилот и дваесетгодишен сопатник кој е пренесен на Клиника во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: makfax.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com