Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудир на два автомобили на автопатот Скопје – Куманово, едно лице го загуби животот

Судир на два автомобили на автопатот Скопје – Куманово, едно лице го загуби животот

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 6.20 часот кај клучката Хиподром на автопатот Скопје – Куманово. До несреќата дошло кога се судриле  патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово.

Веднаш по несреќата повредените биле пренесени во  Ургентен центар „Мајка Тереза“  каде што кај еден од патниците е констатирана смрт а на двајцата возачи и на двајца сопатници им биле констатирани телесни повреди.