Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудијката Петровска ги прифати доказите на СЈО за „Тврдина 2“

Судијката Петровска ги прифати доказите на СЈО за „Тврдина 2“

На денешното судско рочиште за случајот „Тврдина 2″ на Специјалното јавно обвинителство судијката Лидија Петровска ги прифати доказите на обвинителите по што почна главната расправа. Осомничените во своите искази рекоа дека се невини.

За фалсификување службена исправа и за уништување на службена документација поврзано со незаконското прислушување обвинети се седуммина вработени во УБК, а првообвинет е Горан Грујовски.

Тој рече дека не се чувствува виновен и дека ги отфрла сите наводи против него. И другите обвинети рекоа дека разбрале за што се обвинети и дека не се чувствуваат виновни.

Грујовски е поранешниот началник на петтата управа во УБК. Според обвинението на СЈО Грујовски се сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.