Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСудијка од Македонија ќе дели правда во финалето од ЕП за жени до 19 години

Судијка од Македонија ќе дели правда во финалето од ЕП за жени до 19 години

Огромно признание за македонскиот фудбал – Билјана Атанасовски ќе биде дел од судиската четворка на денешното финале од Европското првенство до 19 години што се одржува во Израел. Врвот во судиската кариера Атанасовски ќе го запечати на средбата помеѓу Шпанија  и Шведска која започнува денеска во 18:40 часот.

Македонскиот фудбалски арбитар возбудено изјави:
„За мене ова е прв финален турнир на УЕФА. Уште на самиот почеток бев пресреќна што УЕФА ми ја даде довербата да бидам дел од него, бев максимално концентрирана и го дадов својот максимум на сите четири натпревари. Конкуренцијата е навистина силна, и со оглед на тоа дека ова ми е прв настап на финален турнир, не можев ни да сонувам дека ќе дојдам до самото финале. Би сакала да им се заблагодарам на сите колеги и сите оние кои ми помогнаа да се подготвам и да одговорам на високото темпо кое е неопходно за да се постигне ваков успех. Повторно ќе го дадам својот максимум за во најдобро светло да го претставам македонското фудбалско судење.“

Вреди да се напомене дека Атанасовски беше дел од судиската постава и на полуфиналниот меч меѓу Германија и Шведска и тогаш им донесе среќа на Швеѓанките.