Monday, Apr 6, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудијата од бомбите му претстави на Прибе свој план за реформи на судството

Судијата од бомбите му претстави на Прибе свој план за реформи на судството

jovo vangelovski

Рајнхард Прибе и неговиот тим експерти од денеска се во посета на земјава, во рамките на нивниот ангажман од страна Европската комисија да ѝ помогнат и да ја советуваат Владата во спроведувањето на системските реформи за владеење на правото, пишува „Мета“.

Експертот на Европската Унија и неговиот тим денеска имале средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На средбата Вангеловски им ги презентирал неговите предлог-мерки за спорведување на реформите во судството.

„На средбата се разговараше за актуелната состојба во судството и за предлог-мерките за спроведување реформи во судството, подготвени од претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, за остварување на концептот за независно и непристрасно судство, како гарант на демократијата и на владеењето на правото, во фукција на заштита на човековите слободи и права“, стои во соопштението од Врховниот суд.

Прибе претходно ја посети земјава на 27 јуни, кога, исто така, имаше средба со претседателот на Врховниот суд, како и со министри во Владата.

Тој заедно со целиот негов тим, како што најави и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во земјава ќе престојува до 21 јули.

Прибе со експертскиот тим во 2015 година го подготви извештајот со препораките поврзани со прислушуваните комуникации, а нивната работа придонесе за реформските приоритети што ги состави Европската комисија и кои беа вметнати во Договорот од Пржино.