Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудијата на одмор – нема мерки против Заев

Судијата на одмор – нема мерки против Заев

Одложена e одлуката за непочитување на мерките на претпазливост од страна на Заев бидејќи судијата е на годишен одмор. Основниот суд Скопје 1 го примил известувањето на Основниот суд Струмица дека лидерот на опозицијата и четвртообвинет во „Пуч“, Зоран Заев, не ја почитува мерката на претпазливост, односно дека не се јавува во предвидениот термин во Судот, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму појаснуваат дека известувањето е доставено до надлежниот судија на претходна постапка, кој ја издал мерката за претпазливост, но дека судијата во моментов користи денови на редовен, планиран годишен одмор, поради што ќе постапува по известувањето по враќањето од годишен одмор.

Во согласност со Законот за кривична постапка, кога обвинетиот не се придржува кон определената мерка за обезбедување присуство, судот може да му определи друга мерка за обезбедување присуство меѓу кои и куќен притвор и притвор. Судот најпрвин мора да утврди дали нејавувањето е од оправдани или од неоправдани причини.

извор:Академик.мк