Thursday, Oct 19, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСудија од Охрид фатен со мито од 5.000 денари

Судија од Охрид фатен со мито од 5.000 денари

sud

Судија од Основен суд Охрид земал 5.000 денари мито од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид. Педесет и шестгодишниот Р.С. од Охрид бил судија во судски граѓански предмет и го примил митото на 25-ти јануари за да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво. Против него е поднесена кривична пријава за примање поткуп.

Во декември минатата година во Охрид, судијата се сретнал со претставник на туженото Трговско друштво и од него побарал поткуп од 15.000 денари, доколку сака предметот да го реши во корист на неговата фирма. Вработениот во фирмата му кажал дека сумата била превисока и не можел да му ја даде како поткуп. Во текот на јануари годинава, судијата повторно го побарал претставникот на фирмата. Го известил дека претходната барана сума како поткуп од 15.000,00 денари сега ја намалил на износ од 5.000,00 денари.

Бараните пари судијата ги примил на 25-ти овој месец напладне во просториите на Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз Охрид. Истиот ден, по наредба од судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид во простории на фирмата, бил извршен претрес на пријавениот при што му се одземени 5 банкноти од 1000 денари со обележани сериски броеви и мобилниот телефон.