HomeДЕНЕШНАПолитикаСудиите кои се потпишаа против Владимир Панчевски пристигнаа во Судскиот совет

Судиите кои се потпишаа против Владимир Панчевски пристигнаа во Судскиот совет

24-265

Судиите потпишани на претставката против претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски се појавија по повикот од Судскиот совет. Таму дојдоа десетина судии од потпишаните петнаесетина, меѓу кои Васил Динковски, Александра Ристеска, Огнен Ставрев, Пајазит Пајазити, Седат Реџепагиќ, Илија Трпков. Не се појави претседателот на Кривичниот суд кој и покрај сите скандали, упорно сака уште еден мандат, Владимир Панчевски.

Судскиот совет преку соопштение пред два дена ги повика судиите денеска да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд. Судиите потписници се жалат на лошата состојба во најголемиот македонски суд токму пред изборите за нов претседател на кои се пријавија тројца кандидати.

Досега во јавноста овие судии не излегоа со изјави туку само напишаа соопштение и претставка која ја доставија до Судскиот совет. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски кој го штити Владимир Панчевски, изјави тогаш дека гледа само потписи, а не и имиња и презимиња на судии кои стојат зад претставката против Панчевски.Тој, заедно со Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев кој му поднесе кривична пријава, се кандидати за нов претседател на Кривичниот суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com