HomeДЕНЕШНАПолитикаСудија тужи судија – Дали ќе се врати довербата во македонското судство?

Судија тужи судија – Дали ќе се врати довербата во македонското судство?

krivicen-dzolev

Судијата Иван Џолев од Судот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, поднел кривична пријава против свој колега. Иако тој не го открива идентитетот, медиумите шпекулираат со името на претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски. Кривично дело е поврзано со влијание врз судија, со цел да преземе одделни незаконити дејствија поради влијание.

Во соопштението од Џолев се вели: „Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот, ниту пак ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. Сепак, сметам дека е потребно јавноста да ја запознаам со тоа дека поднесената кривична пријава се однесува за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконити дејствија“. Во соопштението Џолев додава дека настапува „како граѓанин и судија на Кривичниот суд, кој се залага за владеење на правото и правната држава, а во смисла на членот 103 од Судскиот деловник“.

Во соопштението судијата Џолев, кој работи во одделот за јавен ред и мир, вели: „Верувам дека Јавното обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејствија во врска пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан, односно исклучок, само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com