HomeДЕНЕШНАПолитикаСудбината на СЈО неизвесна, Уставен суд и натаму не решава

Судбината на СЈО неизвесна, Уставен суд и натаму не решава

Судбината на СЈО и натаму ќе биде неизвесна бидејќи Уставниот суд на последната седница која ќе ја одржи пред распуштањето на Собранието на Република Македонија нема да решава по иницијатива за преиспитување на уставноста на оваа нова правосудна институција. Уставниот суд на овој начин го покренува прашањето дали може да донесе тешка политичка одлука со која би го укинале СЈО во моменти кога се трга на избори или пак кратко по нив и на тој начин да се амортизира се што е направено на политички план во изминатиот период со преземените обврски за реформи.

Во среда уставните судии ќе расправаат за аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, за одлуките за помилување на 56 политичари, функционери и нивни соработници на 12 април. Аболицијата е целосно поништена, па се очекува уставните судии на седницата тоа само и да го констатираат. На дневен ред се и некои други точки, како на пример и разгледување на некои одредби од Правилникот за автошколите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com