Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСудбината на Грција лебди во воздух

Судбината на Грција лебди во воздух

Доналд Таск, претседателот на Европскиот Совет изјави дека закажаниот Самит на земјите членки за постигнување договор за вадење на Грција од финансиската криза е одложен и наместо тоа ќе разговараат само министрите од земјите во еврозоната. Од повеќе страни учесници добиваме изјави дека преговорите се прекомплицирани и судбината на Грција се уште е неизвесна.

greece-debt

Грција претходно поднесе нов предлог на реформи до кредиторите, но овој пакет мерки веднаш е оценет како недоволен за кратење на трошоците и нема силни гаранции за враќање на огромниот долг. Сепак, Грција покажа дека е подготвена на болни реформи со драстично зголемување на даноците во повеќе индустрии, кратење на субвенциите и социјалните додатоци.

Министрите за финансии на Еврозоната поставија рок до крајот на денот да се постигне конечен договор со кој Алексис Ципрас ќе треба да потпише одреден степен на финансиска „капитулација“, а за возврат Грција ќе добие трет пакет на финансиска помош за одржување на обврските на државата и домашната економија во живот.