Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСтудирате далеку од дома? Еве како да заштедите пари

Студирате далеку од дома? Еве како да заштедите пари

Доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.

large (12)

Купете користени книги

На повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.

large (6)

Научете да готвите

Јадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.

large (1)

Возете се со автобус

Бензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.

large (7)

Пазарете во евтини дуќани

Една од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.

large (8)

Немојте пречесто да пиете алкохол

Студентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.

large (9)

Пригответе си кафе со пикантен вкус

Студентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат.

large (10)

Најдете некоја хонорарна работа

Секојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.

large (11)