Tuesday, Apr 16, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентскиот Пленум со аргументи против Барокните факултети, надлежните молчат!

Студентскиот Пленум со аргументи против Барокните факултети, надлежните молчат!

По најавите дека ќе се прават две нови згради во барокен стил во рамки на комплесот факултети на УКИМ, воведувањето бесплатен превоз за студентите и нефункционирањето на Студенскиот парламент, се огласи и Студентскиот Пленум.

Студентскиот пленум со свој став во однос на најавата за изградбата на барокните зданија кои треба да никнат во комплексот факутети. Велат, одлуката е повеќе од проблематична, а според нивните сознанија Сенатот никогаш не усвоил одлукла за изградба на нови објекти, со што според нив е направен упад во автономијата на универзитетите, а како секундарен аргумент посочуваат на локацијата која е избрана. Имено, со евентуалната изграба, велат, би се уништило зеленилото и дрвјата околу факултетите, а што се однесува до паркинг просторот би се создал дополнителен хаос. Огромен проблем за нив е и избраниот „стиропор стил“ односно барокно решение.

Барокот не само што не се вклопува со ништо во веќе изграденото во кампусот, сметаме и дека не треба да се зборува за иронијата да се гради барокна зграда за факултет за информатичка технологија и компјутерско инженерство. Сметаме дека самиот избор на барок е длабока навреда за студентите кои треба да се, а и се движечка сила во државата.
Орхан Сулејмани, студент.

Дарко Малиновски од Студентскиот пленум вели дека Студентскиот парламент веќе подолго време не ги застапува правата на студентите, а тоа, како што вели, се забележа и тогаш кога се носеше Законот за високо образование и преку нивната пасивност во однос на условите во кои живеат студентите. Веќе една година е истечен мандатот на Студентскиот парламент.

„Ќе се обидеме институционално, ќе се обидеме да имаме некоја соработка со ректоратот за конечно решавање на прашањето со Студентскиот парламент, како тоа ќе до изведеме подоцна ќе објасниме. Бараме институционална соработка, доколку таква нема, тогаш ќе одиме и кон вонинституционални мерки, меѓутоа решени сме конечно да имаме легални и легитимни претставници на студентите коишто доследно ќе ги бранат нивните интереси . А за да се изберат претставници, мора да има избори во рамките на Универзитетот, тоа не значи дека Студентски пленум нема да продолжи да постои“, вели Малиновски.

На прашањето колку се запознаени со писмото кое е актуелно по социјалните мрежи со кое наводно се повикуваат сите студенти да станат членовви на УМС на ДПМНЕ за да добијат подобри оценки, одговараат дека не се запознаени со такво нешто.

„Доколку членството во некаква партија претставува услов за поправање оценки или пак подобрување на нечиј успех, тоа е апсолутно недостојно и срамно“, вели Малиновски.

Дел од реакциите кои ги споделија од Студентскиот пленум беа и за најавата на премиерот за бесплатен превоз за редовните студенти од државните факултети. Од Пленумот велат дека мерката е повеќе од добредојдена во Македонија каде има 50 проценти младинска невработеност а би значело олеснување за студентите, но го спорат донесувањето на одлуката во овој период, бидејќи ја сметаат за политички трик во очи на изборите следната година, особено по гафот наречен „Екстерно тестирање.

Поради проблемите со кои се соочуваат студентите, тие го организираат „Ад Хок фестивалот“, како соодветен одговор на секоја владина акција. Велат, со ова сакаат да испратат порака до студентите да го чувствуваат Универзитетот како свој дом и одново да се исправат пред предизвикот да ја одбранат автономијата на Универзитетот.