HomeДЕНЕШНАПолитикаСтудентскиот пленум пред утрешниот референдум: За контрола над трошењето пари на студентите

Студентскиот пленум пред утрешниот референдум: За контрола над трошењето пари на студентите

Пред утрешниот студентски референдум, Студентскиот пленум ги повикува студентите да се изјаснат дали студентскиот парламент на УКИМ треба да стане тело во рамки на универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата на парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори.

Гласачки места ќе бидат отворени на сите факултети на УКИМ, од 9 до 17 часот. Студентите ќе мора да се легитимираат со студентска легитимација за да го дадат својот глас. Студентите се надеваат дека иако овој референдум е неформален, сепак ќе го зајакне притисокот кај сенаторите при одлучувањето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com