Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтудентски пленум: Студентите цензурирани за очајната состојба на „Гоце“

Студентски пленум: Студентите цензурирани за очајната состојба на „Гоце“

Студентскиот пленум пријави дека на Facebook групата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ Скопје се врши цензира на членови кои објавуваат содржини за алармантната состојба за сместување и очајно лошите услови. Сандра Ѓорѓиева објави дека нејзините постови на групата веднаш ги бришат администраторите и дека вршат цензура против промоцијата на документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“ кој ќе биде прикажан денес во 20 часот. На премиерата ќе гостува и Георги Констатиновски кој е архитектот зад студентскиот дом „Гоце Делчев“.