Thursday, Mar 28, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентски пленум со повик до студентите да се вклучат во борбата за легитимни избори

Студентски пленум со повик до студентите да се вклучат во борбата за легитимни избори

Студентскиот пленум најавува генерален пленум, кој ќе се одржи денеска, во 19 часот, на платото на УКИМ. На истиот ќе се дискутира за активностите во борбата против  како што велат, нелегалниот Студентски парламент.

На генералниот пленум се повикани сите студенти кои сакаат да се вклучат во борбата за легитимни и легални избори на студентски претставници.

-„Студенти, дојде моментот кога повторно мора да сме ГЛАСНИ, кога на корумпирањето на нашето студентско организирање МОРА ДА МУ СЕ КАЖЕ ДОСТА! Да не дозволиме повеќе ниту еден денар од студентскиот џеб да се влее во корумпираните студентски кругови! Да не дозволиме ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ за продолжување на студентскиот ланец кој одлучува во име на личен интерес, место во ИНТЕРЕС НА СТУДЕНТИТЕ!

Затоа,ве повикуваме сите вие кои сакате да се вклучите во борбата за ЛЕГИТИМНИ, ЛЕГАЛНИ, ПОСВЕТЕНИ СТУДЕНТСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ, избрани кога студентите се во факултетските клупи, НАМЕСТО НАСИЛНИЧКИ, дојдете во Вторник (21.06.2016) во 19 часот на Платото на УКИМ!“-порачаа студентите на својот официјален профил на Фејсбук.