Wednesday, Apr 24, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентски пленум ја напушти седницата откако им беа исклучени микрофоните

Студентски пленум ја напушти седницата откако им беа исклучени микрофоните

Претставниците на Студентскиот пленум ја напуштија седницата на Ректоратот откако им го одзедоа зборот и им ги исклучија микрофоните кога се побунија против одлуката на Комисијата за верификација на Сенатот да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ).

Ректорот Велимир Стојковски тврдеше дека нема законска надлежност да интервенира во изборите за студентски претставници.

Под точка „разно“ на седницата ќе се формира комисија која ќе ги преиспита проблемите, но откако ќе се избере ректор, за што процедурата е во тек.