HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтудентка го загуби животот откако удри во градски автобус во Скопје

Студентка го загуби животот откако удри во градски автобус во Скопје

soobrakajka

Уште една тешка сообраќајна несреќа во Скопје со фатални последици, откако млада девојка на возраст од 24 години загини по директниот судар со автобус на ЈСП во скопската населба „Гоце Делчев” .

Несреќата се случи попладнево околу 16: 30 часот, кога девојката која со автобомил „Пежо”, обидувајќи се да избегне кучиња кои и го попречиле патот, преминала на спротивната лента и директно се судрила со автобусот.

Младата девојка веднаш била пренесена во ургентниот центар во Скопје, каде пробале да ја реанимираат, но набрзо му подлегнала на повредите.

Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com