Wednesday, Apr 24, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентите од ФЕИТ ја одбранија шампионската титула на балканскиот натпревар

Студентите од ФЕИТ ја одбранија шампионската титула на балканскиот натпревар

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја потврдија титулата Балкански шампиони со победата на деветтиот натпревар „Хардвер и софтвер“, кој се одржа во Нови Сад, во рамки на меѓународната конференција „Енергетска електроника“ и „Индустриска електроника“.

Со оваа победа, студентите од ФЕИТ, по третпат ја одбранија шампионската титула. Овогодишната задача беше инспирирана од најновите напредоци во конструирањето автономни возила. Натпреварувачите располаа со минијатурно Buggy возило управувано од вграден микрокомпјутер што требаше да го програмираат да следи линија.

Дополнително, преку соодветен сензор за боја, требаше да препознае боја на одредени обоени површини долж патеката, да исчисти податоци од бесконтактни читачи (RFID) и во реално време, преку безжична врска, да ги испрати податоците до централен компјутер, за кој студентите требаше да напишат програма за прикажување податоци.