Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтуденти: Превенција и заштита се најдобри средства за борба со ХИВ/СИДА

Студенти: Превенција и заштита се најдобри средства за борба со ХИВ/СИДА

Најдобар начин на превенција е преку едукација, е едно од главните апели за Светскиот ден за борба против СИДА кој го одбележаат и Македонската медицинска студентска асоцијација преку одборот за Репродуктивно Здравје и СИДА во соработка со студентите од Стоматолошки факултет, со поддршка од брендот Дурекс. Користењето на презервативи го штити репродуктивното здравје и секоја година се зголемува свеста кај младите луѓе во Македонија.

Studentite educiraa za 1vi dekemvri Svetski den za borba protiv HIV SIDA

„Студентите имаат основни познавања за ризиците од некористење на заштита при сексуален однос. Сепак, наша задача како студентска организација е континуирано да ги едуцираме нашите колеги за заштитата при сексуалниот чин од сексуално преносливи болести и ХИВ/СИДА. Дурекс, како светски бренд традиционално секоја година ги поддржува нашите активности што е важен дел од предвидената програма за едукација на студентите за превенција, што во голема мера ни го олеснува патот до целта“, изјави Мишела Николовска, координатор во ММСА.

Студентите на државниот универзитет имаа можност директно да разговараат и да се информираат преку едукативните материјали за тоа како се пренесува ХИВ вирусот и на кој начин треба да се заштитат.

Studentite educiraa za 1vi dekemvri Svetski den za borba protiv HIV SIDA 3

„Дурекс како лидер на пазарот директно ги поддржа студентите, со цел навремено спречување и ширење на сексуално преносливите болести и вирусот ХИВ во Македонија, што за нас претставува примарна задача и исполнување на одговорноста директно кон студентите“, вели Дурексмен.

Студентската организација што седма година по ред го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА-та, постојано работи на подигнување свеста на студентите за сексуалното и репродуктивно здравје, како и за планирање на здраво семејство.