Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтудено и врнежливо со температури под 20 степени

Студено и врнежливо со температури под 20 степени

Денеска не очекува постудено време, доста облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во северните и источните делови на републиката. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Според прогнозите минималните температури наутро ќе се движат од 10 до 16, а максималните во текот на денот од 14 до 19 степени. Во Скопје исто така ќе биде облачно и врнежливо со максимални температури до 17 степени.