Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтуденчишко Блато куртули од бетон и луксузни вили

Студенчишко Блато куртули од бетон и луксузни вили

Во Студнечишко Блато нема да има луксузна населба, откако пропадна планот за бетонирање на локацијата. Калта иако привремено сепак останува строго заштитена зона – одлучија локалните власти. Ова значи дека зоната останува целосно заштитена и во неа не смее да се гради. Според претставниците на неколку еколошки здруженија враќањето на стариот статус на калта е времено решение, а каква ќе биде неговата судбина ќе се знае дури откако ќе се изготви ревидираната студија.

Пропадна планот за бетонирање на Студнечишко Блато. Нема да има луксузна населба, блатото иако привремено сепак останува строго заштитена зона. Ова е најновата одлука на локалните власти урбаниот блок 17.1 да се врати во претходната состојба од ГУП-от за 2006 година, што значи зоната останува целосно заштитена и во неа не смее да се гради. Според претставниците на неколку еколошки здруженија враќањето на стариот статус на блатото е времено решение , а каква ќе биде неговата судбина ќе се знае дури откако ќе се изготви ревидираната студија.