Tuesday, Apr 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеСЦ Борис Трајковски реагира: Центарот нема да го менува името

СЦ Борис Трајковски реагира: Центарот нема да го менува името

Спортскиот Центар Борис Трајковски нема да добие друго име и назив. Не се работи за никакво преименување, ниту пак привремено прифаќање на некаков друг назив. На 15 февруари овој месец компанијата Оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка. Во рамки на договорот предвидено е целосно брендирање на дел од капацитетите на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ под брендот Вип, како и именување на мултифункционалната спортска арена во “Вип арена” и дел од останатите спортски објекти соодветно.

„ Сакам да нагласам дека во ниеден случај не е споменето ниту предвидено е менување на името на центарот. Неговото име останува СЦ Борис Трајковски, Во однос за договорот за брендирање нашата цел е да ги следиме трендовите, и остваруваме деловна соработка која е во интерес на Спортскиот центар, а чиј главен бенефит ќе биде за неговите корисници односно граѓаните.

Дозволете и да ви појаснам дека во рамки на договорот предвидено е и заедничко учество на Оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во проекти од хуманитарен карактер, а токму во рамки на оваа партнерска соработка на околу 400 деца без родители и родителска грижа, сместени во домовите во Скопје и во згрижувачки семејства им беа доделени билети за користење на лизгалиштето.

Искрено жалам што дел од медиумите не го разбраа проектот за соработка со компанијата Оне.Вип ДОО Скопје и при тоа, денес на само неколку часа пред одбележувањето на неговата 12 годишнина од смртта, се обидуваат на тенденциозен начин да се изврти реалната состојба. И покрај тоа што досега не бевме контактирани, ние како Спортски Центар стоиме на располагање за секакви дополнителни информации, во насока на правилно информирање на јавноста.

Воедно ја користам оваа прилика уште еднаш да Ве поканам на утрешното положување на цвеќе пред споменикот во Спортскиот Центар во 11 часот и ви даваме предлог, да утрешната средба ја искористиме како прилика за заеднички да го прошетаме Спортскиот Центар Борис Трајковски, со што уште еднаш би имале можност да ви појасниме нешто повеќе околу проектот и плановите за во иднина“- Се вели во соопштението на СЦ Борис Трајковски.