Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСЦ „Борис Трајковски“ добива нова специјализирана сала

СЦ „Борис Трајковски“ добива нова специјализирана сала

Спортскиот центар Борис Трајковски најави изградба на нова сала која ќе биде со три функции и ќе има специјални терени за тенис, боречки спортови и гимнастика. Во новиот комплекс е замислено да се развиваат овие индивидуални спортови кои може да привлечат многу нови млади таленти, како да им обезбедат соодветен простор на веќе постоечките клубови.

nova-sala2

– Денеска го презентираме проектот кој го најавивме пред одредено време за изградба на тениска арена и гимнастичка сала, а на мое големо задоволство можам да соопштам дека овој проект го надополнуваме со сала за боречки спортови. Објектот ќе овозможи одржување на професионални натпревари од тенис, гимнастика и боречки спортови, а кога сме кај гимнастиката, можам да кажам дека повеќе од 30 години не е ништо изградено за овој спорт, рече Златко Перински директор на СЦ „Борис Трајковски“.

Почетокот на изборот на процедурата за најповолен понудувач се очекува на почетокот на 2017 година, а објектот е проектиран на два милиони евра. Изградбата ќе трае околу една година и се очекува да биде пуштена во употреба во 2018-та.