Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтружани не знаат дека пијат загадена вода

Стружани не знаат дека пијат загадена вода

Стужани не знаат дека водата им е загадена. Ешерихија коли и други колиформни бактерии се пронајдени во водата од градскиот водовод во Струга при анализата што пред неколку дена ја извршил регионалниот центар за јавно здравје од Охрид.

Анализата била направена на барање на Дирекцијата за храна, која донесе забрана за употреба на водата од градскиот водовод во Струга, информираа од регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, јавува Телма. Од Дирекцијата за храна вечерва телевизијата добила потврда дека е изречена забрана за користење на водата за пиење само во Калишта и дека било побарано од градските власти да издадат предупредување до граѓаните за тоа.

Оваа информација ја пласираа медиумите, а ниту една институција не ги извести жителите на Струга за опасноста од водата од водоводот.

извор:Телма