Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтружани на нозе против депонијата која им го уништува здравјето

Стружани на нозе против депонијата која им го уништува здравјето

Граѓани на Струга попладнево се собраа пред општинската зграда протестирајќи поради загадувањето на воздухот предизвикан од опожарувањето на нелегалната депонија во близина на градот. Тие побараа од надлежните институции во државата заштита на нивното уставно право на чиста животна средина, со решавање на проблемот преку дислоцирање на депонијата.

Незадоволните граѓани појаснија дека писмено се обратиле до Министерството за животна средина и до претседателот на Советот на општината од кого побарале итно да свика вонредна седница.
struga deponija 1
Глигорие Ќатоски, граѓански активист, рече дека побарале итна расправа за проблемот со депонијата, нејзина санација и дислокација, како и јасни временски рокови за изградба на регионална депонија.

Струшката локална самоуправа преку социјалните мрежи истакна дека проблемот со опожарувањето на депонијата е во недоследно работење на институциите задолжени да ги пронајдат оние што го предизвикуваат пожарот, притоа нагласувајќи дека општинските власти преземаат се за гаснење на пожарите.

фото: OhridNews