HomeДЕНЕШНАРепубликаСтрумица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

Струмица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

11 години по трагичната несреќа на Претседателот, Македонија се уште жали. Општина Струмица денеска ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Одбележувањето се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк пред кој претставници на општина Струмица, јавните институции, политичките партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе, а за животот и делото на Трајковски зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото рече:
godisnina1
– Детенцето од моноспитските сокачиња, момчето од струмичките улици, ученикот во струмичката гимназија, студентот на правниот факултет, правникот, верникот, политичарот и човекот, измина можеби кус, но многу содржаен животен пат, за да се вивне во височините на македонскиот опстој и да стане и остане бесмртен и по неговата прерана смрт. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив.

Пред споменикот беа прочитани и првонаградените творби по распишаниот литературен конкурс на тема „И по 11 години спомените за претседателот Борис Трајковски се уште живеат“, а во организација на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com