HomeРЕФЛЕКТОРФилмСтрумичката публика со возбуда ја дочека премиерата на „Златната петорка“

Струмичката публика со возбуда ја дочека премиерата на „Златната петорка“

Струмичката публика со нетрпение ја очекуваше премиерата на филмот „Златната петорка“ кој ја раскажува приказната на петорица млади бунтовни луѓе токму од струмичкиот крај кои се судриле со комунистичкиот режим.

Поради големиот интерес кај струмичката публика наместо една беа организирани три проекции кои ги проследија близу 2000 гледачи. Посебно внимание, голема возбуда и солзи прикажувањето на филмот  предизвика кај членовите од  семејствата на петмината студнети, пренесува Сител ТВ.

-Горан Тренчовски со екипата направил навистина фантастичен филм, сега во моментот моите први впечатоци се токму такви и ќе кажам дека го доловил тоа што требало да го долови  а тоа е предавството кое се случило во Струмица, вели Ристо Пецев – внук на еден од убиените студенти.

Задоволна од сработеното и екипата која го работеше филмот. Велат  приказната предизвикала интерес секаде  каде што досега беше прикажан  филмот, но тоа што се случи во Струмица ги надминало сите нивни очекувања.

-Незамисливо е, јас очекував дека ќе има поддршка но ваква заитересираност не очекував. Денеска е тешко македонсата публика да ја натраш да гледа некој филм, а особено македонски филм, вели Дејан Милошевски – продуцент на филмот

-Направивме големо дело затоа што идеалот на петтемина срумички студенти долго време тлееше , меѓутоа беше потиснат.Сега преку нашиот филм на некој начин воскресна таа нивна кауза, нивна верба во иднината.,, вели Горан Тренчовски – режисер на филмот

Филмот Златна петорка  на режисерот Горан Тренчовски премиерно беше прикажан на затварањето на Браќа Манаки во Битола, а својата светска премиера ја имаше пред десетина дена на интернационалниот филмски фестивал Реинденс во Лондон. После Струмица филмот ќе биде прикажан во Сиднеј и Торонто. Златна петорка е во продукција на Револушн од Скопје, а неговата реализација беше поддржана од Агенцијата за филм.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com