Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрумичанец пропаднал во бездна со запрежна кола и починал

Струмичанец пропаднал во бездна со запрежна кола и починал

Петарчо Д. (51) од селото Штука вчера околу 19 часот и 20 минути загинал собирајќи дрва со запрежната кола на планината Огражден. Тој во атарот на струмичкото село Штука, движејќи се по планински пат со запрежно возило, се излизгал од патот и пропаднал во бездна и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

 По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.