Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрумичанец подметнал пожар во Центарот за зависници

Струмичанец подметнал пожар во Центарот за зависници

Струмичката полиција поднесе кривична пријава, против Т.Г.(36) од Струмица поради постоење основано сомнение дека сторил кривичното дело предизвикување општа опасност.

Како што информираа од полицијата на 22 февруари околу 1 часот пријавениот насилно влегол во кругот и просториите на Дневниот центар за лекување и превенција од опијати „Свети Елисавета„ во Струмица,, по што подметнал пожар кој подоцна се проширил низ целата просторија и ја зафатил вратата од соседната просторија каде се чува метадонската терапија.

По ова насилно влегол во просторијата на лекарот ја извадил медицинската документација, дел од неа фрлил по подот и ја запалил, а дел ја запалил во самиот шкаф.