Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСтрогите услови за транзит ги насочија мигрантите кон Албанија

Строгите услови за транзит ги насочија мигрантите кон Албанија

Со оглед дека Балканската рута полека се затегнува и се зголемуваат условите за влез на мигранти единствено Албанија која досега не беше погодена од мигрантската криза се гледа како нова земја и надеж дека бегалците ќе може да ја искористат како алтернативна транзитна земја.

migrantiАвстрија и Германија ги заострија своите политики кон приемот на нови мигранти и ниту една земја не сака да остане заглавена со нивниот наплив, а Македонија со оглед на нашата лимитирана можност да згрижиме илјадници бегалци од Блискиот Исток и Африка принудени сме да ја регулираме границата што е можно посилно.

Токму затоа Албанија очекува прелив на мигрантската криза на своја територија и се засилуваат граничните патроли и се врши мобилизација за да може да се одговори на предизвикот со потенцијални илјадници мигранти кои од Грција би ја преминале границата.