Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтразбур ја усвои жалбата на Карајанов против Лустрациска комисија

Стразбур ја усвои жалбата на Карајанов против Лустрациска комисија

Европскиот суд за човекови права ја усвои жалбата на Петар Карајанов, на кој македонската Лустрациска комисија во 2013 година му издаде решение за соработка со службите од времето на комунизмот, јавува „Нова ТВ“

Претставката во негово име ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Во мај 2013 година, Комисијата одлучи дека Карајанов, службено лице со висок ранг, соработувал во 1962 и 1963 со службите за безбедност.

Решението се уште стои објавено на веб-страната на Комисијата за верификација на фактите, а во кое објавени се личните податоци на Карајанов.

Тој се противеше на оваа одлука и велеше дека се работи за грешка во идентитетот, за што поседувал докази, но неговите тврдења беа одбиени од македонските судови.

Карајанов тврдеше дека му било прекршено правото на фер сослушување, со оглед на тоа што властите отфрлија да ги разгледуваат неговите докази а дополнително немаа ниту убедливи докази дека била “кодош“.

Тој исто така се жалеше дека Лустрациска комисија го објавила документот пред да биде донесено Решение за него, што дополнително му ја нарушила репутацијата.

Кога поранешниот офицел бараше извинување од лустраторите овде, тие му порачаа правдата да ја бара пред Управниот суд.

Тогашниот член на Лустрациска, Чедомир Дамјановски, строго опонираше на повеќе одлуки на Комисијата, и тврдеше дека таму се работи недозволиво, со двојни аршини. Дамјановски тогаш бараше да се пресипита деловната способност на дел од членовите на Комисијата.