HomeАЈНШТАЈНИЈАСтравот од отказ го зголемува ризикот од дијабетес за 19 отсто

Стравот од отказ го зголемува ризикот од дијабетес за 19 отсто

Лицата кои се загрижени поради можноста за добивање на отказ од работното место просечно имаат 19 отсто поголем ризик за дијабетис тип 2, покажуваат податоците објавени во магазинот „Canadian Medical Association Journal“. Податоците биле собрани од 141.000 учесници во истражувањето, кои во просек имале 42 години.

Научниците додаваат дека стравот од отказ уште од поодамна бил поврзан со зголемувањето на вишокот на килограми, што е важен фактор во ризикот за добивање на дијабетис тип 2. Учесниците во истражувањето на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон живееле во Европа, САД и Австралија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com