Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтрашно невреме во Русија, загинаа 10 деца

Страшно невреме во Русија, загинаа 10 деца

Според првични информации, во несреќата на езерото во Пријажинскиот регион, Карелија загинале 11 лица од кои десет се деца. Спасени се 11 додека се трага по уште четворица туристи, соопшти полицијата.

Тие настрадале откако невреме погодило 49 туристи на езерото Карелија на северозапад во Русија. Меѓу туристите имало деца на возраст меѓу 12 и 15 години со старатели кога во тек на ноќта ги погодила бура.

Тие биле во два чамци и на еден сплав, се вели во првичните информации на полицијата. Исчезнатите и настраданите деца биле од Московскиот регион.

Извор: МИА