Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтрашен бродолом: Се удавија околу 400 мигранти на Медитеранот

Страшен бродолом: Се удавија околу 400 мигранти на Медитеранот


Брод на кој биле околу 400 сомалиски бегалци потонал во Медитеранското море во близина на египетскиот брег. Се стравува дека повеќе стотина луѓе се удавиле. Некои од преживеаните се однесени на грчките острови наведува „Би-би-си“. “Неколку стотина луѓе се удавија во новата мигрантска трагедија на Медитеранот“ – изјави италијанскиот претседател Серџо Матарела. Според него, Европа треба да се соочи со уште една трагедија во Медитеранот.