HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрашна сообраќајка на пругите: Воз влечел автомобил 300 метри по шините, возачот починал

Страшна сообраќајка на пругите: Воз влечел автомобил 300 метри по шините, возачот починал

Битолчанец (56) загина откако утринава во возилото што тој го управувал удрил патнички воз на железничката пруга Битола – Скопје. Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот. Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com