Tuesday, Mar 28, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтраотна сообраќајка кај Охрид, директен судир на два џипа

Страотна сообраќајка кај Охрид, директен судир на два џипа

soobrakajka ohrid

Уште една тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на патот кон Охрид, на потегот кај Мешеиште-Требениште при што судрени се директно два џипа, а еден камион кипер за да ги избегне излетал од патот.

Во сообраќајката се повредени 4 лица и во моментов полициски и екипи од обвинителството вршат увид, информира Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Сообраќајот на овој патен правец засега е блокиран и се пренасочува по локалните патишта. Според се уште неофицијални информации има и жртви во оваа тешка несреќа, но се чека на потврда од институциите.

Извор: kurir.mk