Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтранците оптимисти за нормализација на кризата по договорот

Странците оптимисти за нормализација на кризата по договорот

Странските дипломати кои беа меѓу главните иницијатори за надминување на политичката криза и постојано беа дел од процесот на преговори во Пржино го поздравија конечното постигнување на договор за избори на 11 декември што значи дека сите преземени обврски за реформи мора да се почитуваат и земјата да се „нормализира“ по долгата неизвесност.

„Ќе направиме се што можеме во наредните недели и месеци за да бидеме сигурни дека ќе има кредибилни избори, што значи дека гласачите ќе можат слободно да ја искажат својата волја“, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Задоволство и оптимизам има и кај европските политичари, особено кај комесарот за проширување Јоханес Хан кој неколку пати беше во посета на Македонија токму за постигнување договор и компромис по неуспехот на „Пржино 1“.

Во заедничко соопштение со еврокомесарката Могерини посочуваат: „Ги повикуваме сите политички партии стриктно да ја почитуваат кредибилноста на изборниот процес, да им дозволат на граѓаните слободен избор, а по изборите, да формираат влада која ќе се зафати со суштински реформи и ќе работи во интерес на сите граѓани“.