Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШтрајк на работниците во „МЗТ Леарница“ поради неисплатени плати

Штрајк на работниците во „МЗТ Леарница“ поради неисплатени плати

Вработените во МЗТ Леарница – Скопје веќе една недела, односно од петок 12.08.2016 година протестираат поради неисплатени плати од минатата година, соопштија од Синдикатот на индустрија енергетика и рударство (СИЕР).

Штрајкот се одвива пред управната зграда и беше предизвикан од објавата на работодавачот дека ги прекинува сите производни активности, а вработените ги упатува на годишен одмор без да ги измири обврските за плата.

„Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје имаат повеќе неисплатени нето плати, а придонесите не им се платени за девет месеци, почнувајќи од септември 2015 год. Во ваква состојба, работниците кои имаат загрозена основна животна егзистенција не се во можност да користат ниту здравствено осигурување“, соопшти СИЕР.