Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмStraight Outta Compton – Незаборавен рап епик

Straight Outta Compton – Незаборавен рап епик

Straight Outta Compton овој викенд ќе ја има официјалната премиера за кино публиката, а подоцна во годината ќе излезе и во дигитален формат. Според првите трејлери, како и од рецензиите се добива одличен впечаток дека се работи за вистински рап епик, еден од најдобрите музички филмови во последните 10 години веднаш по 8 Mile на Еминем.

Straight Outta Compton е филм за легендарната хип хоп група N.W.A која во почетокот на 90-тите години рапуваше за социјалната неправда во сиромашните црнечки населби во Калифорнија, ривалството меѓу бандите, но ги следи и сите општествени феномени кои донесоа една сосема поинаква култура.

Филмот секако, се фокусира и на растот на раперите од N.W.A вклучувајќи ги Dr.Dre, Easy E, Snoop Dog, Ice Cube и останатите членови, но и подоцнежните меѓусебни судири, па дури и престрелки. Straight Outta Compton ќе мора да го погледнете доколку сте фан на хип хоп музиката, но и поради одличната актерска игра и високата тензија базирана на вистински настани.